Зад нас е уште една интересна календарска година во Ла Лига. Календарската година на првото место ја заврши Атлетико Мадрид, со бод повеќе од Реал и три од Барселона.
На крајот од годината се прават анализи се вадата статистички податови, од кое еден привлекува внимание.
Ако се бројат само головите од игра, односно без удари од белата точка, најмногу голови во шпанското првенство во 2024 година постигна, Александар Серлот.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, кој летово пристигна од Виљареал, постигна 31 гол во Примера во текот на годината која завршува, а го следат Роберт Левандовски со 29 и Џуд Белингем со 23.
Интересно е и тоа што неговиот гол во последните моменти од натпреварот му помогна на Атлетико Мадрид да ја совлада Барселона, за прв пат како гостин во ерата на Диего Симеоне и со тој триумф овој тим на крајот скокна на лидерската позиција.
Морабда се напомене дека Серлот победил во Барселона со три различни тима, претходно победуваше како играч на Реал Сосиедад и Виљареал. Во сите тие победи бил стрелец.
Серлот постигна осум гола оваа сезона, сите осум во Примера, а додаде и две асистенции. Во Лигата на шампионите на пет натпревари, односно за нешто повеќе од 200 минути игра нема постигнато гол.