Откако ги одби сите понуди кои ги имаше ова лето, Серхио Рамос е слободен агент.
Се очекува во јануари да најде нов клуб и наскоро да игра фудбал или во Европа или во Јужна Америка.
Познато е дека Бока Јуниорс беше заинтересирана за услугите на искусниот Шпанец, но тој ја одби понудата на аргентинскиот тим. Шпанскиот стопер се обидува да го најде вистинскиот клуб во Европа, бидејќи неговите амбиции се да продолжи да игра на највисоко ниво.
Иако се познати преференциите на Серхио Рамос, сега се појави уште еден клуб од Јужна Америка кој би можел да го донесе.
На Божиќ, претседателот на Крузеиро, Лоренко изјави дека ќе му упати понуда за соработка.
– Ако сака да дојде и да ги прифати условите што ги постави Крузеиро, може да го направи тоа. Ќе стапиме во контакт со него. Можеби ќе биде избран, бидејќи размислуваме за трансфер на централен дефанзивец, изјави шефот на Бразилски клуб.
Многумина се во неверување кога е во прашање оваа понуда, бидејќи Серхио Рамос има подобри понуди од онаа што ја дава Крузеиро.
Сеедно, ќе биде интересно да се следи развојот на ситуацијата кога е во прашање шпанскиот стопер и да се види каде ќе ја продолжи кариерата.