Серхио Перез би можел да го напушти Ред Бул поради лошите настапи во изминатиот период во Формула 1.
По четири подиуми на почетокот на сезоната, Перез имаше пет трки на кои само двапати освои бодови.
Ред Бул неодамна му го продолжи договорот за уште две години, но во истиот има клаузула според која тимот може да ја раскине соработката ако разликата до Макс Ферстапен е над 100 бодови.