Сензација во Париз: Најдобрата на светот поразена во полуфиналето!

Најдобрата светска тенисерка, Ига Швјонтек од Полска поразена е во полуфиналето на Олимписките игри (ОИ) во Париз, од Чинвен Женг од Кина, седмата светска тенисерка, со 0:2, по сетови 2:6 и 5:7!

Ова е големо изненадување поради фактот дека Швјонтек три години не е поразена на тенискиот комплекс на Ролан Гарос, а се очекуваше да ја продолжи серијата и по овој турнир.

Но младата тенисерка од Кина многу подобро го почна мечот, направи брејк веќе во третиот гем, најавувајќи можно изненадување.

Но Ига се врати веднаш, во следниот гем и израмни на 2:2. Меѓутоа, тогаш почна потопот на полската тенисерка. Женг направи уште два брејка, ги освои и два гема на својот сервис и го доби сетот со 6:2.

И во вториот сет беше забележан огромен пресврт. Ига ги доби првите четири гема, но потоа Женг возврати и „врза“ четири гема, за израмнување на 4:4. Потоа Ига го одбрани својот сервис, но Женг успеа да направи нов брејк и да ја совлада Швјонтек која ќе игра за бронзениот медал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО