Семејна трагедија на младата ѕвезда на Реал Мадрид

Маурисио Нунес Гонсалвеш, сопругот на постарата сестра на Ендрик е убиен ноќта меѓу средата и четвртокот во бар во Бразилија.

Шурата на младата ѕвезда на Реал Мадрид им подлегнал на повредите на местото на злосторството, па брзата помош можела само да ја констатира неговата смрт.

Францускиот „RMC Sport“, повикувајќи се на локалните медиуми во бразилската престолнина, пренесува изјави на сведоци кои тврдат дека се слушнале вкупно осум истрели и дека сопругот на Лавинија Судра бил застрелан повеќе пати во главата.

Се тврди дека на убиството не му претходела никаква расправија, туку дека убиецот ладнокрвно го извршил нападот и исчезнал. Во овој момент полицијата се обидува да го расветли ова убиство и се обидува да разбере кој бил мотивот.

„Сакав да напишам само убави работи за празникот, но за жал тоа нема да биде случај. Денеска се простивме од личност чиј живот е одземен на најболниот можен начин“, напиша сестрата на 18-годишниот напаѓач на Реал Мадрид на социјалната мрежа Инстаграм.

Реал го купи Ендрик како тинејџер, но трансферот од Палмеирас беше комплетиран дури кога Ендрик наполни 18 години. Во својата прва сезона во Мадрид забележа 15 настапи, главно од клупата, постига два гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО