Лука Дончиќ во последно време се споменува како играч за кого е заинтересиран Лос Анџелес лејкерс. Сомнително е колку тоа е реално, но ако го прашате поранешниот седумкратен НБА шампион и поранешен член на Лејкерс, Роберт Хори, тоа не би требало да се случи.
Минатата сезона Дончиќ играше во НБА финалето со Далас маверикс и загуби во серијата од пет натпревари, од Бостон селтикс. Најдобриот стрелец во лигата го одигра регуларниот дел од сезоната со просечни 33,9 поени, 9,2 скока и 9,8 асистенции по натпревар.
Но сето ова не е доволно добра причина за да Дончиќ го облече дресот на Лејкерс, смета Хори кој е критичен за неговата дефанзивна игра.
Историјата на Лејкерс памети некои од најдобрите играчи на сите времиња во нивниот дрес, како Џери Вест, Вилт Чембрлен, Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон, Коби Брајант, Шекил О’Нил и Леброн Џејмс.
Дончиќ е на добар пат да биде запаметен како НБА великан, но за Хори тој не е играч кој еден ден би ја презел улогата на лидер од Леброн.
– Колку години ќе има кога ќе му истече договорот? 31, 32? Дури и сега не е меѓу најдобрите одбранбени играчи во лигата, а тоа е проблем на Лејкерс.
Тие мора да доведат атлетски силни играчи кои играат добра одбрана. Тоа не е Лука. Може да погодува како ретко кој, но би требало да му го тргнеме пивото од раце, бидејќи тој не е тип на личност што останува во форма, на Лејкерс таков не му треба, рече Хори.
Хори играше за Хјустон рокетс, Феникс санс, ЛА Лејкерс и Сан Антонио спарс во НБА. Беше запаметен како одличен шутер во моментите на одлука и е седумкратен НБА шампион. Со Рокетс и Спарс освои по две титули, а со Лејкерс беше трикратен шампион.