Седум полицајци повредени во навивачките нереди во Љубљана

Седум полицајци се полесно повредени во навивачките нереди на натпреварот од последното прелиминарно коло од Лигата на конференции (ЛК) меѓу Олимпија и Риека, соопшти полициската управа во Љубљана.

Првите судири се случиле пред натпреварот меѓу организирани навивачки групи во близина на стадионот. Службеници на специјалната полициска единица употребиле и присилни средства и привеле едно лице.

И за време на фудбалскиот натпревар имало масовно нарушување на јавниот ред и мир на трибината на гостинските навивачи. Според полицијата, навивачите употребиле пиротехнички средства, фрлале ракети на теренот, кршеле столчиња, ги запалиле и ги фрлале кон полицајците.

Поради безбедносни причини во 63. минута организаторот решил да ги испразни трибините кај што биле гостинските навивачи. Припадниците на специјалната полициска единица ги спровела гостинските навивачи до нивните возила, а потоа надвор од Љубљана.

Организаторите направиле голема грешка. Според полицијата, на натпреварот недостигала третина од потребниот број редари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО