Себастијан Коу „сериозно ќе размисли“ околу кандидатурата за претседател на ИОК

Претседателот на Светската атлетика (СА), лордот Себастијан Коу, вели дека „сериозно ќе размисли“ да се кандидира за претседател на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Томас Бах, актуелниот претседател, во саботата објави дека ќе се повлече во 2025-та, по 12 години на таа функција.

Како и Бах, и Коу е во третиот претседателски мандат во СА, откако го доби последниот во 2023 година.

– Видете, јас секогаш јасно кажував дека доколку се укаже прилика сериозно ќе размислам. Се појави можноста и јасно е дека ќе размислам за тоа, изјави 67-годишниот Коу.

Новиот претседател на ИОК ќе ја превземе должноста во јуни 2025 година, по изборите во март 2025-та. Според правилата на ИОК, ниту еден кандидат не може да ја објави својата намера да се кандидира за претседател до три месеци пред изборите.

– Повелбата е прилично јасна за тајмингот, така што ова, во најдобар случај, е само размислување, рече Коу, кој имаше големи заслуги што Лондон победи во кандидатурата за домаќин на ОИ 2012 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО