Се сеќавате на позата на турскиот стрелец? Сега таа поза не смее никој да ја користи!

Турскиот стрелец Јусуф Дикец, поднесе барање до турскиот институт за интелектуална своина, да ја заштити својата поза од Олимписките игри, кои многумина почнаа да ја користат.

– Откако бевме известени за бројни иницијативи за регистрација на жиг со фигурата на Дикец, а без негово знаење, поднесовме барање пред една недела за заштита на сега веќе фамозната поза која произлезе на ОИ, порача тренерот на Дикец, Ердинч Билгили.

Некои спортисти, како што се шведскиот скокач во далечина, Арманд Дуплантис и фудбалерот на Челси, Николас Џексон, ја копираа неговата поза при прослава, па затоа турскиот натпреварувач сега сака да стави мораториум на тоа, односно да ја заштити со неповредивост.

Турскиот институт за заштита на своини, не одговори веднаш на ваквото барање, но најавиле дека ќе го разгледаат и ќе донесат одлука.

Како за потсетување, турскиот стрелец со пиштол, на Турција и донесе сребрен медал на ОИ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО