Првите луѓе на Fenway Sports Group, Џон Хенри и Том Вернер, кои го презедоа Ливерпул во 2010 година, одговорија на се почестите прашања за тоа дали ќе го продадат клубот во блиска иднина.
-Во последно време има бројни промени во сопственоста на клубовите од Премиер лигата и се почесто добиваме прашања за нашите планови. FSG неодамна доби неколку писма со намери од трети страни кои покажуваат интерес да станат дел од сопствениците на акциите на клубот. И претходно кажавме дека под соодветни услови би размислувале да прифатиме нови инвеститори, доколку тоа е во интерес на клубот. Како и досега, остануваме целосно посветени на успехот на Ливерпул, стои во соопштението.
Џон Хенри истакна дека Ливерпул во иднина очекува нови инвестиции.
-Знам дека во последно време имаше многу приказни и наводи за Ливерпул, но да се задржиме на фактите. Дали ќе останеме засекогаш во Англија? Не. Дали го продаваме Ливерпул? Не. Дали разговараме со потенцијални инвеститори? Да. Ќе излезе ли нешто од сето тоа? Верувам дека ќе има, но тоа нема да биде продажба на клубот, вели Хенри.