Црногорскиот репрезентативец, Стефан Савиќ е новиот соиграч на Енис Барди и засилување на турскиот Трабзонспор.
Дефанзивецот на Атлетико Мадрид се пресели во турскиот клуб како слободен играч. Савиќ ќе потпише договор со Трабзонспор на две години, откако ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи закажани за неделава.
Централниот дефанзивец мина девет сезони со тимот на Атлетико и беше миленик на навивачите поради посветеноста и борбеноста.
Трабзонспор летово веќе се засили со Озан Туфан од Хал, Денис Драгуш од Стандард Лиеж, како и со Борна Баришиќ и Џон Лундстрам од Ренџерс.