Саутгејт: Звучи смешно, но до крајот верував дека ќе успееме!

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека е презадоволен по вчерашната победа над Словачка (2:1) по продолженијата.

– Многу сум горд на играчите и на карактерот што го покажаа. Сите момци кои излегоа на теренот ја одиграа својата улога и помогнаа да ја надминеме оваа пречка.

Овие играчи секогаш си помагаат, како што тоа го правеа и сега, тоа ни донесе добар резултат. До крајот на мечот имав чувство дека не е готово. Знам дека сега ова звучи смешно, но ние притискавме и успеавме да победиме, вели Саутгејт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО