Договорот на Герет Саутгејт со Фудбалската федерација на Англија истекува во декември годинава, но селекторот пред вечерашниот пријателски натпревар со Бразил, одлучи да стави крај на шпекулациите дека шест месеци пред истек на договорот ќе го раскине и ќе потпише за Манчестер јунајтед. Герет Саутгејт сиве овие шпекулации ги демантира.
– Не сакам да зборувам со никого. За овие осум години никогаш не сум се обидел да зборувам со некого додека сум селектор. Мојот фокус е Европското првенство. Доколку потпишев нов договор со ФА, ќе се прашувавте зошто потпишуваме договор пред ЕП каде мора да се покажете? Тоа се две работи од моја гледна точка. Прво, јас сум селектор на Англија и имам работа, таа е да се обидам да го донесам шампионскиот пехар од ЕП. Но, пред тоа, имам два важни натпревари оваа седмица. Втората работа е дека Манчестер јунајтед има менаџер. Мислам дека претставува непочитување кон актуелниот менаџер кога се зборува за таа позиција, изјави Саутгејт.