Саудиска Арабија поднесе официјална апликација до ФИФА за домаќин на Светското првенство (СП) 2034 година, откако лани во октомври ја објави намера да биде домаќин на турнирот.
Официјалното поднесување на апликацијата се случи на церемонијата организирана од ФИФА во Париз кога беше и потврдено дека Саудијците се единствениот кандидат за организатор на тоа СП.
– Кандидатурата на Саудиска Арабија да биде домаќин на Светското првенство во фудбал 2034 година е понуда за иднината. Ова е направено за нашите деца и за оние кои сонуваат.
Кралството има за цел да биде домаќин на најважниот настан во светот на фудбалот, кој ќе го потврди нашето влијание на светската сцена во различни области, вклучително и во спортот, рече, меѓу другото, принцот и министер за спорт на Саудиска Арабија, Абдул Азиз бин Турки Ал Сауд.