Сане се враќа во Премиер лигата?

Лерој Сане, играчот за врска на Баерн, наскоро би можел да се врати во Премиер лигата.

Германскиот репрезентативец има проблеми со повреди, но би требало да му биде на располагање на тренерот Винсен Компани за натпреварот против Холштајн Кил.

Договорот на Сане истекува на крајот од оваа сезона, а тој наводно веќе добил две интересни понуди од Англија. За неговите услуги се заинтересирани Арсенал и Њукасл.

Според правилата, Сане во јануари може да потпише преддоговор со клуб надвор од Германија. И Арсенал и Њукасл сакаат што поскоро да ги договорат личните услови со Сане. Двата клуба се подготвени да му понудат голема плата.

Според извори од Германија, Сане нема да брза со одлуката, бидејќи сака да види како ќе се развива соработката со Компани.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО