Саму Омородион се сели во Челси

Младиот, 20- годишен фудбалер на Атлетико Мадрид, Саму Омородион кој настапува за селекцијата на Шпанија на Олимписките игри (ОИ) во Париз, ќе се пресели во Премиер лигата, во Челси.

Инсајдерот Фабрицио Романо откри дека Челси веќе ги договорил условите со Атлетико околу седумгодишниот договор за напаѓачот за сума од 35 милиони фунти (над 40 милиони евра), без бонуси.

Се истакнува дека Баер Леверкузен и други клубови сакале да го купат Омородион, но на крајот тој оди во Челси. Шпанецот минатата сезона играше за Алавес, како позајмен играч, и постигна осум гола на 35 натпревари во Ла лига.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО