Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, пред само неколку дена беше промовиран во тимот на Валенсија, откако претходно со години ги бранеше боите на Рајо Ваљекано.
Но познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, тврди дека постои можност, иако Димитриевски потпиша со „лилјаците“, сепак да ги напушти во следните денови.
Димитриевски имаше неколку понуди од Европа во повеќе лиги, но едноставно сакаше да остане во Шпанија и Примера и ја избра Валенсија. Но се чини дека трансферот се уште не е комплетно реализиран.
Ако се случи ситуација Мамардашвили да остане во тимот од „Местаља“, тогаш за Столе нема да има место како прв голман и ќе биде принуден да оди некаде на позајмица.
Тој има обештетувачка клаузула од 3 милиони евра, која може да биде активирана во последниот ден од овој трансфер период, па се зависи на крајот од Валенсија и одлуката дали ќе го задржи грузискиот голман кој имаше доста добри перформанси на Европското првенство во Германија.