Салцбург го смени тренерот по само шест месеци!

Салцбург го отпушти тренерот Пепијн Лијндерс (41), соопшти австрискиот клуб. Холанѓанецот Лијндерс, поранешен помошник тренер на Јирген Клоп во Ливерпул, го презеде Салцбург во мај.

Тој ја почна сезоната со три победи во лигата, но потоа на следните 13 натпревари забележа само четири победи по што Салцбург се најде на петтото место во австриската Бундес лига.

И покрај тоа што неговиот тим победи на два од последните три првенствени натпревари, вклучително и победата од 3:0 над Австрија Клагенфурт во саботата, клубот одлучи да го отпушти тренерот кој ги однесе во главната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

– Во текот на шесте месеци под водство на Пепијн Линдерс, нашето квалификување во Лигата на шампиони беше плус. По успешниот почеток на сезоната, имаше многу незадоволителни игри, што доведе до тоа Салцбург да заостане 10 бода зад водечката екипа во Бундес лигата, се вели во соопштението на клубот.

Во австриската лига сега има зимската пауза, но Салцбург во јануари треба да ги одигра последните два натпревара во ЛШ, против Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Салцбург загуби пет од шест натпревари во ЛШ и се наоѓа на 32 место во конкуренција на 36 клуба.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО