Фудбалерите на Египет ја забележаа втора победа на Африканскиот куп на нации, совладувајќи ја вечерва Јужна Африка со 1-0, во рамки на второто коло во Групата Б.
Со овој триумф, Египет обезбеди место во осминафиналето пред завршното коло во групната фаза.
Единствениот гол на натпреварот го постигна најголемата ѕвезда во египетскиот состав Мохамед Салах, кој беше прецизен од белата точка во 45. минута.
Во судиското продолжение од првото полувреме, Хани доби втор жолт картон, оставајќи ги Египќаните со играч помалку. Јужна Африка напаѓаше во текот на целото второ полувреме, но не успеа да избегне пораз.
Претходно денеска во истата група, Ангола и Зимбабве одиграа нерешено 1-1.
ФОТО: Фејсбук
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: