Салах добива понуди за трансфер во Саудиска Арабија

Екипите од Саудиска Арабија повторно покажуваат интерес за ангажман за фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах. Играчот на „црвените“ има договор со тимот од Енфилд до летото 2027 година. Но, случувањата од пред АФКОН кога имаше недоразбирање со менаџерот Арне Слот доведоа до момент неговото заминување повторно да се актуализира. Екипи како Ал-Итихад, Ал-Наср и Ал-Хилал сметаат дека можат да го „обезбедат“ потписот на Салах.

Што се однесува до играчот тој е подготвен да замине во Саудиска Арабија, но прашање е дали Ливерпул би го „ослободил“ во зимскиот или во летниот преоден рок се разбира додека да најде соодветна замена.

Салах по враќањето од АФКОН на првиот натпревар беше стартер во дуелот од Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО