Возачот на Ферари, Карлос Саинц, потпиша две годишен договор со Ф1 тимот на Вилијамс.
Шпанецот не успеа да ја добие довербата во таборот на Ферари, па договорот не му беше продолжен и од идната сезона, тој ќе ги брани боите на Вилијамс.
На негово место во Ферари идната сезона доаѓа Луис Хамилтон, додека Саинц ќе вози за Вилијамс, а ќе има уште неколку промени во болидите.
– Среќен сум што можам да објавам дека од 2025 година ќе возам за Вилијамс, не е тајна дека оваа година пазарот беше комплициран од повеќе причини и ми беше потребно време да донесам ваква одлука. Сигурен сум дека Вилијамс е вистинското место за мене во Ф1. Среќен сум што доаѓам во историски тим за кој возеле многу славни возачи, херои од моето детство. Крајната цел на Вилијамс е враќање на врвот, а тоа е предизвик кој јас го прифаќам и го чекам со воодушевување, порача Карлос Саинц.
Саинц низ кариерата има три победи, има 23 пласмани на подиумот, а во моментот е петтопласиран во генералниот поредок.