Спортистите од САД повторно завршија на врвот според бројот на освоени медали на Олимписките игри (ОИ) во Париз 2024-та, со ефект од 40 златни, 44 сребрени и 42 бронзени или неверојатни 126 медали.
Како и САД, и Кина исто така освои 40 златни медали, но спортистите од оваа земја освоија помал број сребрени (27) и бронзени медали (24) и завршија на второто место.
Вкупно, дури 91 репрезентација освои медали на ОИ во Париз, а олимписки победници можат да слават 63 земји.
Земји, освојувачи на медали на ОИ во Париз
1. САД 40 (злата), 44 (сребра), 42 (бронзи) – 126 (вкупно)
2. Кина 40 27 24 91
3. Јапонија 20 12 13 45
4. Австралија 18 19 16 53
5. Франција 16 26 22 64
6. Холандија 15 7 12 34
7. Велика Британија 14 22 29 65
8. Јужна Кореја 13 9 10 32
9. Италија 12 13 15 40
10. Германија 12 13 8 33
…
27. Србија 3 1 1 5
28. Чешка 3 0 2 5
29. Данска 2 2 5 9
30. Азербејџан 2 2 3 7
30. ХРВАТСКА 2 2 3 7
…
34. Словенија 2 1 0 3
…
73. Косово 0 1 1 2