САД опен го зголеми наградниот фонд за 20 насто

Следниот турнир од најсилната, грен слем категорија, САД опен во Њујорк ќе се одржи од 26 август до 8 септември, а годинава наградниот фонд ќе биде најголем досега.

Организаторите на САД опен објавија дека вкупниот награден фонд ќе изнесува неверојатни 75 милиони долари, од кои 3,6 милиони ќе му припаднат на шампионот. Тоа е големување за 20 насто во споредба со лани

Тенисерите што ќе се најдат во главниот ждреб на последниот грен слем сезонава, во првото коло ќе заработат дури 100.000 долари. Наградите не се мали ниту за квалификациите, бидејќи самото појавување во првиот квалификациски круг вреди 25.000 долари, пласманот во вториот носи 38.000, а во последниот 52.000 долари.

Наградите се нешто помали во двојки, каде што победниците ќе добијат 750.000 долари или 200.000 долари по тим, кога станува збор за мешани двојки.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО