САД опен: Елиминирана шампионката од 2022-та, светскиот рекет број 1!

На женскиот дел од САД опен се случи големо изненадување. Во полуфиналето ќе ја нема водечката светска тенисерка на  ВТА листата, Ига Швјонтек од Полска, петкратната  грен слем тампионка и победничка во Њујорк 2022 година.

За изненадувањето се погрижи шестата носителка, Американката, Џесика Пегула која во четвртфиналето ја совлада Швјонтек, во два сета, со  6:2, 6:4.

За Пегула ова ќе биде прво грен слем полуфинале. Досега шест пати играла во четвртфиналето и на сите шест меча била поразена. За место во финалето таа ќе игра против Каролина Мухова од Чешка која ја елиминира Бразилката, Беатриз Хадад Маја со 6:1, 6:4.

– Сум бил во четвртфиналето толку многу пати, но секогаш губев. Конечно, конечно  можам да кажам дека сум полуфиналист. И благодарам на публиката, што ми помогна на овој меч. Да се направи тоа против играчот број еден во светот,  тоа е лудост, но знаев дека можам да го сторам тоа, рече Пегула.

Во второто полуфинеле ќе играат Арина Сабаленка од Белорусија која во четвртфиналето беше подобра од олимписката шампионка, Женг Чинвен од Кина (6:1, 6:2) и Американката, Ема Наваро, која ја елиминира Шпанката, Паула Бадоса (6:2, 7:5).

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО