Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз забележа победа на стартот на САД опен, но му дозволи на Ту Ли, Австралијанецот кој шест години беше тениски пензионер, да му одземе еден сет, 6:2, 4:6, 6 :3, 6:1.
Алкараз го доби првиот сет премногу лесно, со 6:2, па сите на стадионот „Артур Еш“ мислеа дека се’ ќе заврши за околу еден час, но Австралиецот со кинеско потекло немаше таков план.
Успеа да се спротивстави, да се одбрани од Шпанецот, а во вториит сет при 5:4 постојано го инапаѓаше сервисот на Карлитос, кој спаси неколку брејк топки, но не и последната (6:4).
Сепак, во третиот сет повторно успеа да го „скрши“ (6:3), но Ли не се предаде и во неколку наврати покажа дека може да се носи со најдобрите како Алкараз.
Овој Австралиец во кариерата само еднаш стигнал до главниот ждреб и тоа во својата земја, но не успеа да оди подалеку од тоа.
Тој не е нов на турнирите, има 28 години, но неговото име речиси никогаш не може да се види на турнирите од „серијата 250“, а камоли на повисоко ниво, како што се Мастерсите или грен слемовите.
Ли одлучи да се пензионира во 2014 година, но шест години подоцна сепак мусе врати на тенисот.