Најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка ги сподели своите впечатоци од егзибицискиот натпревар „Битка на половите“ против Австралиецот Ник Кирjос.
Белорусинката загуби од својот противник со 3:6 и 3:6. Мечот се одржа во Дубаи.
-Мислам дека беше добра борба. Тој се мачеше, а понекогаш изгледаше напнато. Убаво е да се види како мојот противник се нервира кога се обидува да го пробие мојот сервис. Нивото беше високо: погодив многу одлични удари. Ник добро сервираше. Беше вистинско шоу и уживав, рече Сабаленка во интервју на теренот.
Белорусинката беше прашана дали би била согласна повторно да игра со Кирјос во иднина.
-Да. Ги сакам реваншите и да се предизвикувам себеси. Би сакала повторно да играм, додаде тенисерката.
Кирјос е рангиран на 671. место во светот. Тој е победник на седум АТП турнири и финалист на Вимблдон во 2022 година.
Сабаленка има освоено 21 ВТА титула, вклучувајќи четири Гренд слем турнири.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: