Скандал го тресе рускиот шах откако минатиот петок локална шахистка отрула една од натпреварувачките на турнирот во Махачкала. Пред почетокот на турнирот, Амина Абакарова (43) истурила жива на местото каде што играше Умајганат Османова (30), а беше фатена од надзорните камери.
Според другите учесници на турнирот, Абакарова и Османова подолго време не биле во добри односи, а со овој потег Абакарова наводно сакала да и се одмазди на Османова бидејќи го навредила нејзиното семејство.
На Османова и се слошило откако извесно време минала на масата по што била хоспитализирана. Натамошната истрага покажала дека Абакарова се обидела да ја отруе со жива, за што и се заканува повеќегодишна затворска казна.