Русите без златни медали, четиригодишна суспензија за Камила Валиева

Интернационалниот олимписки комотет (ИОК) најави дека ќе се одржи „достоинствена церемонија на доделувањето медали“ за спортистите кои го освоија екипното злато во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2022 година во Пекинг.

Медалите не беа доделени откако Русинката Камила Валиева падна на допинг тестот.

САД сега ќе добијат злато, Јапонија сребро, а Русија бронза.

Валиева (17), тогаш на возраст од 15 години, доби четиригодишна суспензија од ИОК.

Судот за спортска арбитража (CАС), исто така ги поништи резултатите на Валиева од 25 декември 2021 година, датумот на нејзиниот неуспешен допинг тест, што е почеток на нејзината суспензија.

За случајот на Валиева, ИОК додаде: „Тоа е дополнителен доказ за потребата да се реши улогата што ја игра спортската придружба во случаевите на допинг. Ова е уште поважно ако спортистите се малолетни, и кои се’ уште зависат од нивните придружба“.

Кремљ соопшти дека не ја прифаќа пресудата на САС, ниту одлуката Русија да добие бронза и оти ќе ги брани правата на руските спортисти.

– За нас тие секогаш ќе останат олимписки шампиони, без разлика какви одлуки ќе бидат донесени, дури и неправедни, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО