Руни: Не го мразам Роналдо, но Меси е подобар

Англиските медиуми сè уште вадат цитати од од гостувањето на Вејн Руни во подкастот на поранешниот соиграч, Рио Фердинанд.

Поранешниот англиски напаѓач зборуваше за борбата со алкохолизмот додека сè уште беше активен играч и за неговиот комплициран однос со Немања Видиќ, но и за тоа зошто го претпочита Лионел Меси пред Кристијано Роналдо, иако Португалецот му беше соиграч во Манчестер Јунајтед.

Многумина мислат дека на овој начин Руни сака да му се освети на Кристијано поради неговите потези на Светското првенство во 2006 година, кога Португалецот бараше од судијата да му покаже црвен картон на Руни поради остриот старт врз Паулета.

„Луѓето мислат дека го мразам Роналдо. Но, го сакам. Мислам дека е апсолутен гениј и сè што прави е неверојатно. Го сакам Кристијано и обожавав да играм со него. Не мислам дека луѓето знаат колку сме блиски двајцата. Само затоа што мислам и велам дека, според мене, Меси е подобар од Роналдо, луѓето веруваат дека го мразам Кристијано“, рече Руни.

А кога станува збор за Аргентинецот…

„Апсолутно го обожавам Меси. Обожавам да го гледам како игра и тоа е единствената причина зошто мислам дека Лео има повеќе во однос на начинот на кој игра, како ги прави своите соиграчи подобри“, нагласи Вејн Руни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО