Рудигер ќе може да игра

Селекторот на фудбалерите на Германија, Јулијан Нагелсман, доби одлични вести пред денешниот меч со Данска на стартот на втората фаза на Европскиот шампионат.

Имено, централниот дефанзивец, Антонио Рудигер , кој заработи повреда на натпреварот од 3. коло од групната фаза против Швајцарија, ќе биде во стартниот состав. Црномурестиот стопер самиот побарал да им помогне на „панцирите“ и добил дозвола од лекарскиот тим.

Мечот ќе биде одигран денеска на стадионот Сигнал Идуна Парк во Дортмунд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО