Непосредно пред големото дерби меѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед на „Етихад“, новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим донесе шокантна одлука, оставајќи ги надвор од тимот Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо.
Таа одлука на Аморим, предизвика огромно изненадување, речиси како победата на Јунајтед над Сити! Оваа шокантна одлука на Португалецот доаѓа една недела откако се појавија информации дека Јунајтед е подготвен да го продаде Рашфорд во јануари.
Но, Аморим го објасни дека со тоа ги предупредил двајцата играчи дека набљудува се’ пред да донесе одлука. Тоа главно се однесува на начинот на тренирање и пристапот кон обврските. Очигледно е дека е незадоволен од тоа како работат, како се однесуваат и колку придонесуваат во одбранбените задачи.
– Не сакам да праќам порака. Тоа е само проценка и тие го знаат тоа. Играчите се многу паметни, сите ја разбираат мојата одлука. Морам да изберам и тоа е едноставен избор.
Мора да победуваме, ситуацијата е тешка. Внимавам на сè, како јадат, како се соблекуваат за натпреварите. Секогаш. Јас ја давам мојата проценка и потоа треба да одлучам. Имам многу играчи за избор, изјави Аморим.
Повторно прашан за неговата одлука да ги изостави двајцата играчи кои се водечки стрелци на Јунајтед во Премиер лигата сезонава, Аморим дополнително објасни.
– Се е во ред. Тие тренираа утрово. Јас бев таму. Се’ беше во ред. Одлично го одработија тренингот, стави точка на таа тема Португалецот.