Португалецот Кристијано Роналдо (39) напаѓачот на Ал-Наср повторно им подлегна на евтините навивачки провокации во подготвителниот куп меч во Ријад на кој Ал-Хилал го победи Ал-Наср со 2:0.
Натпреварот беше тензичен, а Кристијано Роналдо не успеа да се исконтролира. На кратката видео снимка што се појави по мечот се забележува како одејќи кон соблекувалната со еден од дресовите на противникот му го дофрлил ривалски навивач, ги брише гениталлите и го фрла назад.
Со тој недоличен потег Роналдо им подлегна на евтините провокации на навивачите и ја згрози тамошната спортска јавност.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ мина низ веќе стандардниот третман за време на натпреварот, кога од трибините честопати се слушаа скандирања на името на неговиот главен ривал, Лионел Меси.
Ова е тактиката која противничките навивачи редовно ја применуваат на натпреварите на нивните тимови против Роналдо. Фасцинатна е леснотијата со која успеваат да го испровоцираат искусниот напаѓач на Ал Наср.
Ronaldo to the Al Hilal fans as they chanted Messi’s name?️: “I am here… not Messi.”
Most insecure???
— FCB Albiceleste (@FCBAlbiceleste) February 8, 2024