Кристијано Роналдо повторно ја крена публиката на нозе и на свои 40 години, постигнувајќи неверојатен гол со „ножички“ во 96-тата минута од натпреварот меѓу Ал-Наср и Ал-Калеја.
Португалецот ја доби топката во шеснаесетникот, се намести со акробатски потег и со прецизен волеј ја испрати под пречката – удар кој веднаш стана хит на социјалните мрежи и беше поздравен со овации од навивачите.
Голот ја заокружи победата на Ал-Наср од 4:1, а Роналдо уште еднаш покажа дека возраста не е пречка за да се испорача магија на теренот. Неговиот потег веќе се споредува со некои од најубавите голови во неговата кариера.
CRISTIANO RONALDO.
OH MY 🚲🤯
(via @thmanyahsports)pic.twitter.com/jEiK1GjOHd
— B/R Football (@brfootball) November 23, 2025
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: