Роналдо: Го освоив ЕП со Португалија тоа е исто како да сум освоил Светското првенство

Кристијано Роналдо е легенда на светскиот фудбал, еден од најдобрите во историјата на оваа игра. Во клупската и репрезентативната кариера од значајните трофи не успеал да го освои само светското првенство.

Неговиот опонент Лионел Меси во колекцијата го има и светскиот куп. Токму во оваа сфера ќе одат дебатите кој од нив двајца е подобар кога ќе се пензионираат.

„Победата на Португалија на Европското првенство е еквивалентно на освојувањето на Светското првенство“, изјави Роналдо и дополни.

„Веќе освоив две титули со Португалија (покрај ЕП ја освои и Лигата на нации), тоа е нешто што го посакував. Не ме мотивира Светското првенство, мотив ми е тоа што обожувам да играм фудбал. Рекордите доаѓаат природно. Јас не ги бркам нив, тие ме бркаат мене“.

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО