Калчолигашот Рома го презентираше денеска планот за изградба на нов стадион, вреден 1.5 милијарди евра, кој ќе биде лоциран на периферијата на италијанската престолнина и потенцијално ќе биде домаќин на натпреварите на Евро 2032, чиј заеднички домаќини ќе бидат Италија и Турција.
Градежната дозвола треба да ја одобри италијанската Влада, а изградбата треба да почне идниот декември и да трае две години.
Планирано е стадионот да се гради на периферијата на италијанската престолнина, на половина пат помеѓу центарот на градот и аеродромот Леонардо да Винчи.
Проектот на приватниот инвеститор вклучува и изградба на деловни простории, како и разни забавни објекти.
Дизајнот е инспириран од Колосеумот, а капацитетот ќе изнесува 52.500 седишта, со можност за проширување на 60.000.
Изградбата на стадионот се проценува дека ќе чини околу 300 милиони евра, но вкупната цена вклучува и дополнителна инфраструктура.
Претседателот на Рома, Џејмс Палота, изјави дека детално досие за проектот е предадено на италијанските власти.
„Ако сакаме да се натпреваруваме со најдобрите светски клубови, потребен ни е нов стадион, кој ќе биде во приватна сопственост на Рома“, рече Палота, додавајќи дека тоа ќе биде еден од најголемите проекти во Италија по многу децении.
ФОТО: Фејсбук