Легендарниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, кој во текот на летово ги напушти „милионерите“, има реална шанса да замине преку „големата бара“ во тимот на Лос Анџелес Галакси.
Според, новинарот, Фабрицио Романо, екипата од МЛС лигата и претставниците на Ројс, деновиве треба успешно да ги финишираат преговорите. Самиот фудбалер неодамна изјави дека има голема желба да замине во шампионатот во САД.