Роглич победи на првата планинска етапа и го презеде водството на Вуелта

Словенецот, Примож Роглич победи на четвртата, прва планинска етапа на годинашната Вуелта, долга 170 км, и по исцрпувачките последни 14 км, возени по голема жештина.

Роглич, трикратниот победник на шпанската Вуелта (2019, 2020 и 2021-та) победи „за влакно“ пред Белгиецот, Ленерт ван Етвелт.

По воведните три етапи, Роглич заостануваше 30 секунди зад лидерот во генералниот пласман, Вут ван Аерт. Но, Белгиецот задоцни повеќе од 16 минути во четвртата етапа и мораше да му ја препушти челната позиција на Роглич.

– Не ни беше главна цел да се освои етапата. Но, кога ќе ги видов момците како силно се борат на оваа жештина, со задоволство го направив тоа, изјави Роглич за Еуроспорт.

Португалецот, Жоао Алмеида ја заврши етапата на третата позиција и сега е втор во генералниот пласман, со заостанување од осум секунди зад Роглич. Трет е Енрик Мас со минус од 32 секунди.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО