Родри на прославата пееше „Гибралтар е шпански“. Стигна реакцијата од Британија

Родри, капитенот на Шпанија, кој беше прогласен за најдобар играч на ЕП, во понеделникот вечерта во Мадрид за време на прославата на титулата ја отпеа „Гибралтар е шпански“ и на тој начин го начна долгогодишниот спор.

Гибралтар е британски полуостров со 33.000 жители на југот на Шпанија, за кој Британија и Шпанија се расправаат со децении.

„Гибралтар е шпански, Гибралтар е шпански…“, пее 28-годишниот Родри, што добро се слуша на снимката објавена на порталот на весникот „Марка“, која ја пренесуваат и други шпански медиуми.

Шпанската јавна телевизија (РТВЕ) на својата интернет страница објави дека за време на прославата неколку играчи „во неколку наврати“ пееле за „ шпански Гибралтар“.

Но експресно стигна реакцијата од Британија.„Фудбалскиот сојуз на Гибралтар ќе поднесе официјална жалба до УЕФА по прославата на шпанската репрезентација.

Фудбалскиот сојуз на Гибралтар забележа крајно провокативна и навредлива порака за време на прославата. Нема место за вакво однесување во фудбалот“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО