Ристовски: Ветено и реализирано, од руина до комплетно уреден простор за рекреација

Министерот за спорт на Македонија, Борко Ристовски објави на Фејсбук дека е завршена санацијата на паркот во Ајдучко маало во Тетово.

Завршена е санацијата на паркот во Ајдучко маало во центарот на Тетово кое сега блесна во ново руво, напиша Ристовски.

„Ветено сторено! Од руината што ја затекнавме во центарот на Тетово, сега граѓаните имаат комплетно уреден простор за спорт и рекреација.
– Санирано е кошаркарското игралиште на кое е поставена акрилна површина во четири слоја на вкупна површина од 200 м2, заштитна мрежа на челичната конструкција на оградата, нова табла и обрач.
– На фудбалското игралиште поставена е вештачка трева според ФИФА стандарди за мини фудбал.
– Поставена е урбана опрема во паркот, нови клупи и корпи.
– Во фитнес зоната поставена е нова подлога и фитнес реквизити, а на детското игралиште реконструирани се постоечките реквизити, објави Ристовски.

На барање на граѓаните, на 15 август, министерот Ристовски го посети руинираното спортско игралиште во паркот Ајдучко маало во центарот на Тетово, вети негова реконструкција и веќе наредниот ден почна санацијата.

Беа превземени брзи и ефикасни мерки и сега спортското игралиште е целосно обновено и ставено во функција, додава Ристовски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО