Рикиардо: Ако навистина е крај, гордо ја напуштам Формула 1

Возачот на Формула 1 Рејсинг Булс (Тим РБ), Даниел Рикиардо, изјави дека бил преплавен од емоции за време на трката во Сингапур, потенцијално последна за Австралиецот во најбрзиот караван.

Рикиардо заврши на 18. место во Сингапур, цел круг зад победникот Ландо Норис во Мекларен.

Добро информираните претставници на медиумите, меѓу кои и поранешните Формула 1 асови и поранешните членови на програмата на Ред Бул, веруваат дека Лиам Лосон ќе го замени Рикиардо до крајот на сезоната.

Запрашан да ги коментира најавите наводи, Рикиардо изјави дека е задоволен од постигнатото, иако не добил можност да ги исполни своите шампионски амбиции во конкурентен болид.

„Постои можност дека ова беше мојата последна трка во Формула 1. Ако ова е крајот, јас сум спокоен со начинот на кој ќе заврши мојата Ф1 кариера. Тоа дефинитивно ќе им се случи на сите возачи во одреден момент“, изјави Рикардо и додаде:

„Се обидов да се вратам во Ред Бул, но не успеав. Потоа се запрашав, ако веќе не се натпреварувам за подобар пласман, што навистина се обидувам да постигнам? Горд сум на моите 14 години во Формула 1, дури и ако немам бајковит крај на мојата кариера“.

Во Формула 1, Рикардо возеше за Торо Росо, претходникот на тимот за кој моментално се натпреварува, Ред Бул, Рено (претходник на Алпин) и Мекларен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО