РФМ го исфрли Аеродром од Супер лигата

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го исфрли РК Аеродром од Супер лигата, бидејќи не се пререгистрирал во акционерско друштво, што е законска обврска за сите клубови што се натпреваруваат во највисок ранг на натпреварување.

Тимот на Аеродром нема право да ги продолжи настапите сезонава што значи дека наредните натпревари во плеј-аутот ќе бидат регистрирани со 10:0 (-1 бод) за противничката екипа.

Натпреварувањето наместо со осум ќе продолжи со седум екипи, па така о крајот на сезоната, во секое коло еден тим ќе биде слободен.

Аеродром кој беше дебитант во Супер лигата во првото плеј-аут коло не го одигра натпреварот со Еурофарм Пелистер 2.

Клубот ќе продолжи да функционира, но само со младите категории. Аеродром е актуелен првак во пионерска конкуренција, и освен во пионерска, ќе се натпреварува и во кадетска конкуренција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО