Рекордерот по најбрзо постигнати 100 голови за клуб од топ 5 европски првенства, Хари Кејн, зборуваше по убедливата победа над Вердер со 4-0. Капитенот на Англија постигна нови два погодоци, со кои ги надмина достигнувањата на Кристијано Роналдо и Ерлинг Халанд, достигнувајќи ја бројката од 100 голови само за 104 натпревари.Капитенот на Англија го коментираше својот подвиг.
„За мене ова е лудост. Чест е да достигнам 100 голови за овој голем клуб. Ова е и заслуга на моите соиграчи и тренерскиот тим кои ми помагаат. Неверојатно е што успеав да го остварам толку брзо. Се надевам дека ќе постигнам уште 100 голови“, изјави Хари Кејн.
На прашањето за шпекулациите околу својата иднина, Кејн одговори:
„Не, во моментов не размислувам за враќање во Англија. Многу сум среќен тука. Имам уште две години од мојот договор. Уживам во секој момент. Враќање во Англија не е во моите планови. Уживам во времето со тимот и тренерот и се надевам дека ќе продолжиме да бидеме успешни. Баерн е најдоброто место за освојување трофеи, апсолутно.“