Ред мора да има: ФИА го казни Верстапен поради пцовките на пресот

Холандскиот светски шампион Макс Верстапен, е казнет од страна на ФИА, поради несекојдневна ситуација.

На ред е трката за ГН на Сингапур, а пред два дена, на пресконференцијата пред медиумите, трикратниот Ф1 шампион на момент опцу и тоа отиде во директен пренос, па на тој гест му замерија луѓето од ФИА.

За волја на вистината, Макс Верстапен не заработи парична казна, туку го казнија со „друштвено корисна работа“, па најверојатно Холанѓанецот нешто ќе мора да сработи и да покаже дека жали за несаканите зборови.

Претходно, првиот човек на ФИА, Мохамед Бен Сулаем, побара поригорозни казни за вулгарностите на возачите, со цел да се покаже дека ФИА се грижи за секоја реакција под нивен надзор, така да како пример, сега Верстапен ќе одработи „друштвено корисна работа“ и неговиот случај во ФИА сакаат да биде пример и со цел да спречат во иднина пцовки пред камерите.

Верстапен беше казнет поради следната изјава… „Не знам што се случува со болидот, понаку е сетиран, сфатив дека нешто е заебано, порача Верстапен.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО