Ред Бул во проблеми, го губат човекот со 13 шампионски титули

На Ред Бул, моментално се’ уште најдобриот тим во Формула 1 (Ф1), му се заканува целосен колапс со оглед на насоката во која се развива ситуацијата.

Неодамна беше објавено дека главниот дизајнер и човекот најзаслужен за составувањето на супериорен болид на австриско-британската екипа во минатите три сезони, инженерскиот гениј Адријан Њуи, ќе го напушти тимот на крајот од сезоната.

На ова се надоврза веста дека заминe уште еден битен член на Ред Бул, спортскиот директор Џонатан Витли кој ќе ја превземе функцијата прв човек (тимски директор) на тимот на Ауди, кој со купувањето на Заубер обезбеди влез во Ф1 светот од 2026 година.

Со оглед на сериозноста на проектот, јасно е дека Германците решиле да ангажираат сериозни и докажани луѓе да го преземат водството, откако пред неколку дена беше потврдено дека главен оперативец ќе биде Матија Биното, поранешниот прв човек на Ферари.

Витли, 57-годишниот Британец, е дел од Ред Бул уште од првите денови на тимот во Ф1, односно во минатите 18 години. Тој учествуваше во освојувањето на сите седум титули за возачи и на шесте за конструктори и се профилираше како еден од најпочитуваните оперативци на високо ниво.

Под негово водство, механичарите на Ред Бул со години беа најбрзи во Ф1. Тој засекогаш ја одбележа историјата и на Ред Бул и на Ф1, бидејќи токму тој го убеди тогашниот директор на трки на ФИА, Мајкл Маси на последната трка од сезоната 2021 во Абу Даби да ги прекрши сите правила, да го отстрани безбедносното возило од патеката и ја „придвижи“ трката на еден круг пред крајот.

Со тоа му овозможи на Макс Верстапен да победи и да ја освои првата титула на крајно контроверзен и, според многумина, на погрешен и незаконски начин, на сметка на Луис Хамилтон.

Пред Ред Бул, Витли работеше за Бенетон/Рено од 1991 до 2006 година, првично на  пониски позиции, но со текот на времето се искачуваше во хиерархијата. Тој беше дел од тимот што освои шампионски титули со Михаел Шумахер (1994, 1995) и со Фернандо Алонсо во 2005 година

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО