Реал сосиедад ги одбил 35-те милиони од Арсенал!

Фудбалскиот клуб Реал сосиедад ја одбил понудата на Арсенал вредна 35 милиони евра со бонуси за Микел Мерино, играч на клубот од Сан Себастијан, пренесуваат шпанските медиуми.

Реал сосиедад бара најмалку 40 милиони евра за Мерино, кој со репрезентацијата на Шпанија во јули ја освои титулата европски првак во Германија.Тој има договор со клубот од Сан Себастијан до 30 јуни 2025 година, а неодамна одби да ја продолжи соработката.

Шпанските медиуми наведуваат дека ќе продолжат разговорите меѓу претставниците на двата клуба за да се комплетира трансферот до крајот на летниот преоден рок.

Мерино (28) веќе ги договорил личните услови од договорот со Арсенал, а со одлука на тренерот на клубот од Сан Себастијан, Иманол Алгвасил, го пропушти натпреварот од првото коло на Ла лига против Рајо Валјекано (1:2).

Пред Реал сосиедад, Мерино играше за Њукасл, Борусија Дортмунд и Осасуна. За шпанската репрезентација настапи на 28 натпревари и постигна два гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО