Реал се спаси од елиминација, Анчелоти исвиркан на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид е последниот учесник во четвртфиналето на Купот на Кралот, откако по продолженијата ја совлада Селта Виго со 5:2.

Килијан Мбапе во 37. минута и Винисиус Жуниор во 48. минута беа стрелци за водство на Реал од 2:0, а се чинеше дека мадриѓаните рутински ќе се пласираат меѓу осумте најдобри.

Селта сепак не се предаде, прво резервистот Џонатан Бамба го намали резултатот на 1:2 во 83. минута по грешката на Камавинга, а потоа Маркос Алонсо реализираше пенал во 90+1 минута. минута и со тоа го доведе натпреварот во продолженија.

Во финишот на регуларниот дел судијата Мунуера, можеше но не досуди пенал за Селта откако топката во рака го погоди Белингем.

Слична ситуација имаше и на почетокот на продолженијата кога топката во рака го погоди Ридигер.

Карло Анчелоти беше принуден да ги испрати сите расположливи сили на теренот, а во продолженијата резервите Ендрик и Валверде ставија точка на натпреварот. Бразилецот погоди во 108. и 119. минута, а Федерико Валверде во 112. минута постигна спектакуларен гол.

И додека Анчелоти со оваа победа се спаси од отказ, не успеа да ги побегне свирежите на навивачите на Реал. Искусниот тренер доби заглушувачки свирежи.

 

 

 

Покрај Реал во четвртфиналето ќе играат: Барселона, Атлетико, Реал Сосиедад, Осасуна, Валенсија, Леганес, Хетафе.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО