Искусниот австриски фудбалер Давид Алаба ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната. „ESPN“, објави дека Реал нема да му понуди нов договор.
Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен, чиј договор истекува на крајот од сезоната, не успева да се етаблира во „кралскиот клуб“ веќе трета сезона, откако во првите две покажа дека е огромно засилување за најтрофејниот клуб во Европа.
Честите повреди влијаеја Реал да ја промени својата стратегија кон Алаба, па по половина деценија во претстојното лето, тој ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
За потсетување, Алаба пристигна во Реал Мадрид во летото 2021 година како слободен агент откако му истече договорот со Баерн Минхен, а веќе во првата сезона одигра значајна улога на патот кон освојувањето на Лигата на шампионите.
Тој беше „војник“ на Карло Анчелоти во вистинската смисла на зборот, но работите се променија од сезоната 2023/24 кога, поради честите повреди, ги загуби местото во првиот тим.
Foto/ depositphotos
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: