Реал Мадрид идното лето ќе го врати во своите редови играчот од средниот ред на Комо, Нико Паз, објави денеска весникот „Ас“.
Шпанскиот гигант ќе го откупи својот поранешен играч за сума од девет милиони евра.
Паз се приклучи на Комо во 2024 година за шест милиони евра. За помалку од две сезони, 21-годишниот Аргентинец одигра 51 натпревари за италијанскиот тим, постигнувајќи 11 голови, а додаде и 14 асистенции.
Вредноста на трансфер пазарот на Паз се проценува на 65 милиони евра.
ФОТО: Фејсбук