Расте бројот на заразени со коронавирус на ОИ во Париз

Светската здравствена организација (СЗО) во вторникот објави дека повеќе од 40 спортисти на Олимписките игри (ОИ) биле позитивни на коронавирус, што го потврди растот на бројот на заразени на глобално ниво.

Како што пренесува АФП, вирусот зафатил и некои од фаворитите за медали на  ОИ, а пред сите, британскиот пливач Адам Пити. Тој го освои среброто на 100 метри градно, по што не се чувствуваше добро и беше потврдено дека „закачил“ ковид-19. Слично и се случи и на австралиската пливачка, Лани Палистер, која исто така почувствува симптоми по трката на 1.500 метри.

– Ковид-19 сè уште е со нас. Вирусот циркулира во сите земји – изјави Марија ван Керхове, која е директорка за превенција во СЗО.

Како што наведе таа, вирусот не е како другите кои повеќе циркулираат во зимските месеци, но непречено „минува“ и во текот на летото.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО