Рашфорд одбил три понуди од Саудиска Арабија

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд наводно одбил три профитабилни понуди од саудиски клубови, поради шпекулациите дека ќе го напушти Олд Трафорд овој месец.

Британските медиуми објавија дека Јунајтед му дозволил на Рашфорд да го напушти клубот, бидејќи тој не е во плановите на тренерот Рубен Аморим.

Рашфорд е заинтересиран да се пресели во клуб и лига што нуди конкурентна средина бидејќи се обидува да се врати во репрезентацијата на Англија под новиот селектор Томас Тухел.

„Дејли Мејл“, објави дека Рашфорд наводно одбил три профитабилни понуди од саудиски клубови, кои би ја надминале неговата сегашна неделна плата од 315.000 фунти. Се известува и дека на 27-годишниот фудбалер би можело да му биде понудена годишна плата од 35 милиони фунти.

Тој, исто така, одбил потенцијален трансфер во Турција.

Рашфорд последен пат играше за репрезентацијата минатиот март против Бразил, а тогашниот селектор Герет Саутгејт не го повика на Европското првенство во Германија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО